Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses

Последни Новости

Делегација од Северна Македонија на 12-14 јуни, 2019 година, учествува на „Зајакнување на соработката помеѓу Франција и Северна Македонија“

 | 13/06/019


Претставници од највисоките институции во правосудството на Северна Македонија  предводени од Проф. Д.р Наташа ГАБЕР ДАМЈАНОВСКА, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г. Сашо РАЈЧЕВ, Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.


Повеќе

„Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“

 | 13/06/019


Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со поддршка на Совет на Европа, организираат советување на тема „Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“, што се одржa на 11 јуни 2019 година (вторник) во просториите на Академијата.

 

Во рамките на овој настан Fredrik Sundberg, Шеф на Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа ги поздрави присутните преку видео линк, а потоа Victor Soloveytchik, Шеф на Девизија во Регистарот на ЕСЧП и Pavlo Pushkar, Шеф на Девизија во Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа темите ги презентирале преку видео линк и учесниците имале можност да им поставуваат прашања преку видеолинкот.


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација”

 | 11/06/019


Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев  во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), организира советување на тема: „Примена на Законот за заштита од вознемирување на работно место – мобинг и Законот за спречување и заштита од дискриминација”, што ќе се одржи на 12 јуни (среда) 2019 година, во просториите на Академијата – Ламела 1.

 

 

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели кои постапуваат по работни спорови и стручни соработници од сите апелациони подрачја во Република Северна Македонија.

 

На советувањето излагања ќе имаат Д-р Каролина Михаљевиќ-Шулце, адвокат од Берлин, Проф. Зоран Михајловски, поранешен судија на АС Скопје и Г-а Хилда Мешкова, судија на Основен граѓански суд

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Вознемирување на работно место-мобинг  
  • Судската постапка за антидискриминација во Република Северна Македонија


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема „Член 5 од Европската Конвенција за човекови права – Право на слобода и безбедност“

 | 10/06/019


Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Член 5 од Европската Конвенција за човекови права – Право на слобода и безбедност, кое ќе се одржи на 12 јуни 2019 година (среда), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат м-р Марија Клетничка-Марковска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје и г. Ристо Бојаџиски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Членот 5 од ЕКЧП низ призмата на одлуките на нашето законодавство – судска пракса на Република Северна Македонија во врска со членот 5 од ЕКЧП
  • Членот 5 од ЕКЧП низ призмата на одлуките на судовите на Република Северна Македонија и другите земји потписнички – судска пракса со посебен осврт на фактички ситуации како посебни: Лишување од слобода во контекст на кривичната постапка и Душевно здравје
  • Законито лишување од слобода согласно чл. 5 ст.1 од ЕКЧП
  • Предуслови за легалност и законитост и заштита од произволност од национален контекст
  • Права на лицата лишени од слобода


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Спoгoдување нa кривична санкција и пресуда врз основа на спогодба“

 | 10/06/019


Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Спогодување на кривична санкција и пресуда врз основа на спогодба“, кое ќе се одржи на 11 јуни  2019 година (вторник), во просториите на Основен суд Гостивар, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за cудии од кривичните оддели, јавни обвинители од апелационо подрачје Гостивар.

 

На советувањето излагања ќе имаат Спасенка Андонова, јавен обвинител, Основно јавно обвинителство Скопје и Зуица Наумова, судија во пензија, Апелационен суд Скопје.


На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Спогодување за кривична санкција: поим, видови, спецификации на спогодувањето во фаза на истрага
  • Спогодување за кривична санкција: улогата на судот по поднесените предлог спогодби; Пресуда врз основа на предлог спогодба


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“

 | 10/06/019


Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со поддршка на Совет на Европа, организираат советување на тема „Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“, што ќе се одржи на 11 јуни 2019 година (вторник) во просториите на Академијата-ламела 1, со почеток во 9.30 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците на  Уставниот суд, како и за судиите и советниците/судските соработници на Апелационен суд Скопје и Основен Граѓански суд Скопје,  кои постапуваат во предмети поврзани со регистрацијата на здруженија.

 

Излагачи на советувањето ќе бидат Victor Soloveytchik, шеф на Девизија во Регистарот на ЕСЧП, (преку видео линк), Pavlo Pushkar, шеф на Девизија во Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа, (преку видео линк), Катарина Недељковиќ, шеф на Оддел во Одделението за извршување на пресудите при Советот на Европа, Даница Џонова, В.Д. Владин агент и Polina Roussinova-Kucera, правник во Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа.


Повеќе

best cheap phone from china Golden State Warriors Jerseys Tennessee Titans Jerseys zamalek, fans cheap hydro flask Kevin Durant Shoes For Sale Womens Sport Shoes Online Shop cheap anello backpack cheap swiss gear backpack News web