Добродојдовте на delfin2.mk |  почетна  |   пробна верзија  |   надградби  |   корисници  |   референци  |   понуда  |   https://delfin2.mk  
  »  ПОЧЕТНА

Пристап за регистрирани корисници
 
   Корисничко име
  
   Лозинка
  
  
   Промена на лозинка?

 
  » ПРОБНА ВЕРЗИЈА
  » НАДГРАДБИ - за
   нерегистирани корисници
  » КОРИСНИЦИ
  » РЕФЕРЕНЦИ
  » ПОНУДА
 

   А ж у р и р а н о
Untitled Document
   04.09.2014   08:58


          Добродојдовте на веб страната на софтверската апликација Делфин II

      Делфин II е софтверска апликација која е наменета за евиденција при увозот за облагородување со систем на одложено плаќање според Царинскиот закон којшто е правосилен од 01.01.2006 година. Водењето на неопходната евиденција е организирано на лесен и прегледен начин од увозот па сè до извозот. Предвидени се внесување на S-број (ЕЦД број на увоз) под референтен број, внесување на проформи, преглед на состојба по производители и збирно, внесување на налози, нормирање на истите, преглед на налозите што се на залиха, итн. Исто така Ви се нуди опција за пренесување на материјалите од еден на друг производител, како и раздолжување на добиените споредни производи.

      Кога сте кај извозот олеснет е начинот на изработка на фактура, комерцијална фактура на повеќе европски јазици, како и автоматизирана изработка на уверението за движење (EUR.1) и уверението за потекло (Certificate of Origin). Со извозот (R-број) автоматски се раздолжуваат употребената (нормираната) количина од основниот и помошен материјал за одредените налози. Програмата Делфин II автоматизирано генерира лист за пресметка, попис, како и извештај за раздолжување, кои лесно можете да ги испечатите кога и да Ви се потребни. Исто така и матичните податоци се прегледно организирани и во секое време можете да додадете и промените податок за било која домашна или странска фирма, имате поглед на комплетната царинска тарифа како и на курсот на размена за неколку валути и тоа за период кои самите ќе го одредите. Со оваа софтверска апликација е предвидено да имате сигурна заштита на Вашите податоци и во секое време можете да ги вратите во претходната состојба доколку се случи нешто непредвидено (со Вашиот хардвер на пр.). Програмата Делфин II, исто така, е наменета за работа во мрежа (LAN) и истовремено можат да работат повеќе референти.

      Компјутерската програма Делфин II
(пробна верзија) Ви е на располагање со пробен период од 30 денови. Повеќе информации можете да добиете на [email protected] или на телефоните 032 386 646 и 032 387 646.

      Софтверскиот пакет Делфин II е одобрен од Царинската Управа на Република Македонија.

      

      

      Надградба на програмата Делфин II
(верзија 09.01.2019) за сервер

      Надградба на програмата Делфин II
(верзија 09.01.2019) за клиент

      
Поправка на Тарифа 2019 (само за оние кои имаат проблем со тарифникот за 2019 год.)

  copyright © www.fiva.com.mk   designed by Vasil Smiljanski

NCS NEWS web NCS European websites cheap Ncs swissgear backpack cheap Ncs hydro flask Water bottle cheap Ncs gymshark Yoga clothing cheap Ncs tumi backpack Ncs Shopping NCS European News Web Ncs National news cheap Ncs anello backpack