четврток, јануари 24, 2019

Го фатиле со рекордни 5 промили алкохол во крвта!

Ако постои Гинисов рекорд тогаш овој возач сигурно ќе конкурира за висока позиција. Да се пофалиш со големо количество алкохол во крвтта и не е баш многу добро. Тоа покажува колку не ги почитуваш законите, и истовремено ги загрозуваш и другите учесници во сообраќајот. А, ако имаш и пет промили во крвта тогаш сигурно си и повеќе од обичен пијаница. Ова се случило во Украина, поконкретно во областа Киев, каде што локалната полиција го запрела возачот на автомобили за контрола. По тестот на возачот се покажува дека има рекордни 5 промили алкохол во крвта, што е еквивалентно на околу еден литар водка. А полицијата ваквите случаеви знае и да ги објави и на социјалните мрежи. Според заменик-началникот на полицијата Алексеј Билошицки, патролата го запрел автомобилот со марка Renault, кој буквално се движи од тротоарот до тротоарот на патот. Првично, полицијата сметала дека возачот е болен, но кога го сопреле го установиле спротивното, и било многу весело. Полицијата вели дека човекот тешко стоел на нозе и зборувал речиси несфатливо. Тој е испратен на трезнење, а потоа бил тужен по брза постапка. Нема информација колкава казна добил, но возење во алкохолизирана состојба значи не само парична казна, туку и одземање на возачката. За потсетување, дозволеното количество алкохол во крвта во Македонија е 0,5 промили, а потоа следуваат високи казни за оние што ќе решат да ги прекршат законите.

Ferrari со специјална изложба по повод 50. роденден на Шумахер (Видео)

По повод 50. роденден на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, Ferrari во својот музеј во италијанскиот град Маранело отвори специјална изложба. Насловена како "Michael 50" оваа изложба во длабочина го претставува животот на Шумахер и неговите успеси во Формула 1, особено како член на италијанскиот конструктор. Во "Собата на успеси" во овој Музеј се прикажани најголем дел од Ferrari болидите што Шумахер ги возеше. Така тука е прикажан моделот F310 кој Шумахер го возеше во 1996 година со кого оствари три победи. Исто така тука е и моделот F399 со кого Шумахер придонесе Ferrari во сезоната 1999 година да победи како најдобар конструктор. https://youtu.be/l6c2VFhkpfQ Популарниот Шуми е роден на 3. јануари 1969 година во германскиот град Хорт. Најголемата слава ја доживува како Фoрмула 1 возач на Ferrari, а покрај за италијанскиот конструктор има возено и за Jordan, Benetton и Mercedes. Во ова елитно натпреварување има освоено седум шампионски титули и тоа во сезоните 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004.

Bose ја реши бучавоста во автомобилот! (Видео)

Бучавата во автомобилот е веќе минато благодарение на иновативното решение на американската компанија Bose. Ова иновативно решение користи акцелорометри, софтвер за процесирање на звукот, микфорони и звучници како би можело во секој момент да се измерат вибрациите и звуците, а потоа во реално време да се создаде сигнал за акустично анулирање на бучавата. Системот овозможува дури и способност да го анализира нивото на бучавост за секој патник со тоа што потребниот хардвер се вградува во наслоните за глава на седиштата. При тоа за секој патник индивидуално се подесува излезниот сигнал од звучникот. https://youtu.be/SIzkgLdzd9g Иако електричните автомобили кои заземаат се поголем замав се многу тивки, ова решение на Bose покрај во автомобилите со бензински и дизелски погон ќе биде интегрирано и во целосно електричните автомобили.    
ЗАБРАНЕТО КОПИРАЊЕ




cheap fjallraven backpack Shopping European News Web cheap yeti cup cheap swissgear backpack free sex movie News web National news Japan porn video cheap gymshark Yoga clothing