Гран

 

Следејќи го трендот на развој на Алфа Плам, како еден од трите најголеми производители на грејни тела во Европа, Гранекспорт паралелно повеќе од две децении се етаблираше на македонскиот пазар како еминентна фирма во овој домен, застапуваќи го Алфа Плам како овластен дилер и сервис за Македонија. Дилерството и увозништвото во овој сегмент го комплетираше преку соработката со комплементарните производители, за пелети: Биоенерџи Поинт, Еко Степ и Краун Форест од Србија, за правосмукалки и чистачи за пепел Рибитек Италија, за бојлери Бандини Италија, за иноксни оџаци и ќумци Спиродукт Грција како и сопствен развоен производ, алатка за пренос на товар ГранЕлеватор.

Почитувајќи ги поставените партнерски постулати со почетната визија, веќе втора генерација ја продолжува експанзијата чекор по чекор на модерно пазарно ориентирано претпријатие, никогаш не заборавајќи ја социјалната и фамилијарната компонента во стопанисувањето.

Години наназад, освен во големо продажбата, мало продажбата, сервисот и монтажата, дистрибуцијата за сопствени потреби во домашен и меѓународен промет, малопроизводство, компанијата преку основаните подружници своето портфолио го прошири и во доменот на издавање на недвижности, како и оперирање со свој угостителски објект со мултифункционална намена.

Сигурност и доверба

ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА СО КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА!

Зошто биомасата е обновлив извор на енергија?

Биомасата е еден од обновливите извори на енергија затоа што се произведува од живи организми. Главната предност на биомасата како обновлив извор на енергија е во тоа што може да се произведува на било кое место на планетата. Одржливоста на биомасата како извор на енергија се постигнува со адекватно управување на ресурсот.

Дрво – се користи како извор на енергија за греење и приготвување храна од почетокот на човековото постоење. Дрвото се смета за неутрален носач на енергија затоа што при негова експлатација ослободува минимално количевство на CO2 – еднакво на она што се апсорбира во процесот на фотосинтеза.

Пелети – се гориво призведено од дрвна маса без додаток на хемикалии и се апсолутно безбедни за човековото здравје и околина. Пелетите имаат многу висока калориска моќ – до 5,4 Kwh/kg. Основните предности на пелетите се:

  • Висока енергетска искористеност
  • Едноставни за складирање, транспорт и употреба
  • При согорување оставаат минимална количина пепел

Asian sex video BLACK FRIDAY NCS Shopping DEALS. cheap gymshark clothes cheap swiss gear backpack National news Japan porn video ポルノ映画 cheap anello backpack Basketball the north face jacket