Prijavi problem

Водици 2019

Водици 2019

По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) Општина Илинден во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во  населба Илинден.

Во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики од меѓународната ликовната колонија „Карпино 2018“

На 16.01.2019 година (среда) со почеток во 14:00 часот, во Домот на култура „Илинден” ќе биде  отворена ликовна изложба на слики од 16-та меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

11.01.2019 |

Компанијата “Шмиц каргобул“ донираше прочистувачи на воздух за градинката „Гоце Делчев“

Детската градинка „Гоце Делчев“ е опремена со нови 5 прочистувачи на воздух, донација од компанијата „Шмиц каргобул“. Со оваа донација покрај досегашните две, сега седум од вкупно 16 занимални во градинката се опремени со причистувачи за воздух.

Отворен ден на Општина Илинден секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до16:00 часот

Отворениот ден на Oпштина Илинден се реализира секој ЧЕТВРТОК од 13:00 до 16:00 часот. Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи.

22.12.2018 |

Предновогодишна приредба за учениците што ги посетуваат бесплатните курсеви во рамките на КЕЦ „Илинден“

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа предновогодишна приредба за учениците што ги посетуваат бесплатните курсеви во рамките на Културно едукативниот центар „Илинден“, кои што Општина Илинден ги организира веќе 13 години. Со звуците на омилената музика во предновогодишен амбиент, со маскенбал со новогодишни мотиви и неизбежните новогодишни пакетчиња, учениците ја испратија страта 2018 година, посакувајќи си убави желби во новата 2019 година.

22.12.2018 - 10:04 | Галерии

Отворена изложба „Сликарот со пријателите“, на Новица Трајковски

Во галеријата на „Домот на култура „Илинден“ во присуство на поголем број вљубеници во уметноста отворена е изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина ...
21.12.2018 - 22:10 | Галерии

Општина Илинден домаќин на меѓународен ракометен турнир

Во организација на ракометниот клуб „Илинден“, а под покровителство  на Општина Илинден, во спортската сала “Гоце Делчев“ почна тридневен меѓународен ракометен турнир во младински категории. Во прекрасна атмосфера пред голем број љубители на ...

Меѓународен ракометен турнир „Илинден“ во спортската сала “Гоце Делчев“

Од 21-ви (петок) до 23-ти декември (недела), во спортската сала “Гоце Делчев“, во организација на ракометниот клуб „Илинден“, со поддршка на Општина Илинден, ќе се одржи меѓународен ракометен турнир. На овој турнир во младински категории што се одржува по втор пат ќе настапат 20 екипи - 13 екипи во генерацијата 2002/2003 и 7 екипи во генерацијата 2006/2007.  

Изложба „Сликарот со пријателите“, во Домот на култура „Илинден“

На 21.12.2018 година (петок) со почеток во 19:00 часот, во организација на Општина Илинден, во Домот на култура „Илинден” ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, насловена „Сликарот со пријателите“.

На 18 и 26 декември мобилни шалтери на УЈП во Општина Илинден

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните на 18 декември (вторник) и 26 декември (среда) до општинската зграда ќе биде отворен мобилен шалтер на Управата за јавни приходи.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

Континуирано инвестираме во подобар и поквалитетен живот за сите во општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013

cheap Ncs swissgear backpack NCS European News Web cheap Ncs fjallraven backpack cheap Ncs hydro flask Water bottle Ncs Shopping NCS NEWS web Ncs National news NCS European websites cheap Ncs tumi backpack cheap Ncs off white Sportswear