За нас

Уште од нашите почетоци во 1995 година КОДИ се издвои како лидер во областа на аудио и видео технологиите во Македонија.
Веруваме дека клиентот може најдобро да го одбере вистинскиот производ кога има можност да слушне и види различни решенија во секојдневна околина.

Производите што ги нудиме се внимателно одбрани и имаат одличен однос квалитет/цена. За повеќето брендови сме директни застапници (Marantz, B&W, Rotel, Harman/Kardon, JBL, Loewe, Yamaha, Canton, AKG, McIntosh, Denon, AudioQuest, Proel, Gemini, Cortex), а за останатите сме дилери и системски интегратори.

Нудиме широк дијапазон на услуги што би му помогнале на секој клиент. Нашите услуги се достапни секој ден од понеделник до петок од 08:00 - 16:00 часот.

ДОМАШНА АВТОМАТИЗАЦИЈА



Добредојдовте во Control4® автоматизација, решение за паметна автоматизација за домови и бизниси која ви овозможува интелегентна контрола на секој аспект од вашиот дом – од телевизори до термостати, брави за врати, до завеси – каде и да сте, со користење на еден едноставен интерфејс. Control4® решенијата го прават вашиот живот полесен, поефикасен и побезбеден.

Само замислете. Еден допир на вашиот таблет и филмот почнува, завесите се спуштаат, a сараунд звукот се пушта на совршенa јачина. Кога сонцето заоѓа, светлото на верандата се вклучува. А целата куќа се заклучува во 23 часот. Автоматски.

Замислите дека живеете во дом што ја слуша секоја ваша наредба... каде речиси секој уред и систем можат да се контролираат на далечина и целосно се автоматизирани.

Можете да го користите вашиот таблет за да го контролирате домашното кино, да ги придушите сијалиците, да пуштите греење и да го активирате алармот.

ПРОФЕСИОНАЛЕН АУДИО/ВИЗУЕЛЕН КОНСАЛТИНГ, ПРОДАЖБА, ИНСТАЛАЦИЈА И ИНТЕГРАЦИЈА



Нашиот технички персонал работи заедно со вас за да ви обезбеди квалитетни производи и инженеринг за секој ваш проект.

Со дваесетгодишно искуство во дизајн и инсталација на професионални аудио/видео системи, можете да бидете сигурни дека можеме да ви излеземе во пресрет со квалитететна и професионална услуга. Располагаме со едни од најдобрите професионални аудио/ видео производи како и производи за професионално осветлување кои во моментот се достапни на пазарот.

Интегрираме системи за автоматизација и контрола што го прават секој сложен аудио/видео систем лесен за употреба. Нудиме првокласен и целосен сервис и сме целосно посветен и лиценциран изведувач за аудио и видео системи и системи за осветлување.

Покрај ова, нашиот персонал обезбедува услуги од областа на дизајнот и инженерингот, а нуди и техничка поддршка и одржување на опрема.

The art challenges the technology, and the technology inspires the art.
- John Lasseter -

Портфолио

„ Стар Театар“ (Македоскиот Народен Театар) - Скопје

„Театар Ј.Х. Џинот од Велес“ - Велес

Кинотека на Македонија

Спортски центар „Борис Трајковски“

Спомен куќа на Тоше Проески - Крушево

„Музеј на ВМРО““ – Скопје

АЕК – Агенција за електронски комуникации

Хотел Казино „Принцес“ – Гевгелија

Клуб Колосеум

Кино Милениум

Веро Центар

Министерство за правда: Академија за судии

Меморијален Центар на холокауст на Евреите од Македонија

Пелистер Хотел Ресторан (поранешно  Дал Мет Фу)

Контакт

Адреса


Коди ДОО


"Кеј 13 Ноември бр. 8-2/2, 1000 Скопје,
Р. Македонија

Работно време:


Понеделник - Петок
од 08:00 - 16:00 ч.

Телефон/Факс


Тел: +389 2 3133 104 Тел: +389 2 3238 922 Fax: +389 2 3232 900

Е-мејл


[email protected]

free sex movie cheap Ncs tumi backpack cheap Ncs swissgear backpack NCS European News Web cheap Ncs fjallraven backpack free sex video cheap Ncs gymshark Yoga clothing Japan porn video NCS European News Web Ncs's News