ВАКАД Инженеринг ДООЕЛ

Ваш партнер за автоматика и системско инженерство

Дознајте повеќе

Зa Нaс

ВАКАД Инженеринг е компанија чиј домен на работа ги опфаќа сите аспекти на компјутерското системско инженерство и автоматизацијата во индустријата. Наша цел е да им помогнеме на нашите клиенти да ја подобрат ефикасноста, продуктивноста и сигурноста во процесот на производство со имплементација на квалитетни и иновативни решенија во технолошките производствени процеси. Во нашата програма вклучени се сите потребни услуги за реализација на ваков тип на решенија како што се мерења и анализи на постоечки состојби, изработка на идејни решенија, проектирање, изведба и интеграција на управувачки и информациони системи кои работат во реално време. Дијапазонот на нашите клиенти варира од мали и средни производители па се до големи индустриски погони. Зад нашиот инженерски тим стојат повеќе од сто успешно реализирани проекти во доменот на системското инженерство и автоматиката.

Дејности

Услуги:

  • изработка на предлози и решенија за автоматско управување на машини и постројки за производни процеси во индустријата,
  • изработка на идејни проекти за реализација на системи за автоматско управување и визуелизација во индустријата,
  • реконструкција и ревитализација на постоечки системи за автоматско управување и визуелизација,
  • одржување и сервис на постоечки системи за автоматско управување и визуелизација,
  • изработка на елаборати за енергетска ефикасност на објекти и постројки во индустријата,
  • изработка на електро разводни ормари за процесно управување на машини и постројки во индустријата,
  • изработка на апликативни програмски пакети за автоматско управување и визуелизација на машини и постројки во индустријата,
  • изработка на топологија и конфигурирање на индустриски комуникациски мрежи,
  • проектирање, изработка и интеграција на системи за паметно управување со објекти во делот на вентилацијата, климатизацијата, осветлувањето, техничкото обезбедување, противпожарната заштита и контрола на пристап.

Клиентско ориентирани програмски апликативни пакети:

  • за програмабилни логички управувачи (programmable logic controllers - PLC),
  • за аквизиција и визуелизација на технолошки процеси (supervisory control and data acquisition - SCADA) за индустриски PC-ја и индустриски операторски панели (human machine interfaces – HMI),
  • за управување со објекти (Building Management System – BMS) и интеграција на нивните подсистеми
  • програмски модули и функциски блокови за PLC-a
  • комуникациски драјвери за стандарни комуникациски протоколи (MODBUS, PROFIBUS, DEVICENET, FIELDBUS .....)
  • програмски пакети за изготвување на технолошки анализи и извештаи во електронска и печатена форма
  • програмски пакети за прецизно серво управување со позиционирање и движење во повеке оски,
  • програмски пакети за управување со DELTA роботи,
  • програмски пакети за управување со DELTA роботи во PICK & PLACE апликации

Искуство со следниве производители на опрема и софтвер за автоматизација во индустријата:

Искуство во следниве области во индустријата:

  • автоматско управување и визуелизација во цементната индустрија за:
    • предзагревање и печење на материјал со вертикални циклони и ротирни печки,
    • мелници за цемент и транспорт до силоси,
    • истовар во камиони и пакување во вреќи,
    • мелење, складирање и транспорт на цемент,
    • бренери за ротирни печки за цемент.
  • автоматско управување и визуелизација во индустријата за производство на фероникел за:
    • редукција на фероникелна руда со ротирни печки,
    • топење на фероникелна руда со електролачни печки.
  • автоматско управување и визуелизација во прехранбената индустрија за:
    • производство на чоколадни производи (припрема на чоко маса, нејзино темперирање и обработка во крајни производи комплет со пакување),
    • производство и пакување на бомбони,
    • производство и пакување на кечап,
    • производство и пакување на flips производи,
    • припрема на свеж кондициониран воздух за чисти соби за производство на висококвалитетни прехранбени производи,
    • живинарски фарми за пилиња.
  • автоматско управување и визуелиација на системи за климатизација во објекти во фармацевтската индустрија за припрема на свеж кондициониран воздух за чисти соби со контрола на надпритисок при произвдство на хомеопатски лекарства,
  • автоматско управување на електрично регулирани и хидраулични постројки за лифтови,
  • автоматско управување и визуелизација на хидрофорски и пумпни станици, водоводни системи, резервоари, системи за омекнување на вода и сл.,
  • автоматско управување и визуелизација на асфалтни бази,
  • контрола на пристап, исполнетост и наплата на паркинг,
  • регулиран погон на кранови со фреквентни регулатори.

Контакт

+389 (0)70 364 964

ул.Никола Парапунов бр.3A-17/2 Скопје


Copyright © HAS 2015


free sex movie cheap Ncs swissgear backpack Ncs National news NCS European News Web NCS European websites Asian sex video cheap Ncs tumi backpack Ncs's News cheap Ncs yeti cup free sex video