Јазик: AL EN MK


Добродојдовте


АНА ДОО Скопје е овластен застапник и дистрибутер на македонскиот пазар и регионот на производствениот програм на словенечки фирми од областа на металургија, пневматика, хидраулика, како и на производи за потребите на рударството, металопреработувачка, графичката и дрвната индустрија, со повеќе од 20-годишно искуство. АНА ДОО е единствен и овластен застапник на Опрема Равне, Ножеви Равне, Метал Равне, Системска техника и Тро Превент Преваље, Словенија.


Во палетата на производи што АНА ДОО ги нуди влегуваат високо квалитетните пневматски чекани за разбивање и бушење, шпицеви и бургии што не се кршат по долготрајно користење и во најтешките услови на терен, со докажан и потврден квалитет. Покрај продажба на производи, нуди и продажба на резервни делови, како и сервисирање на пневматските чекани, обезбедувајќи комплетна услуга околу пневматскиот алат.


Дополнување на пневматскиот програм е програмот на висококвалитетни одливци за машини во индустријата, како и програмот на висококвалитетни ножеви за сечење метал, обработка на дрво, кожа, пластика, текстил, гума и друго, и ножевите за абрихтер. АНА ДОО важи за најголем увозник на индустриски ножеви во Република Македонија по прифатливи цени со највисок квалитет.


Покрај ножеви, АНА ДОО нуди голем избор и на кружни пили за дрво со различни димензии, глодала и алат за обработка на дрво, како и производен програм што опфаќа преку 200 различни типови на специјални челици што се користат за производство на алат, во градежништвото, хемиската, енергетската, автомобилската индустрија итн.


Долго-годишното искуство во оваа област и проблематика гарантира производи со највисок квалитет по прифатливи цени на задоволство на сите постојни и потенцијални Клиенти. Бројните сертификати и признанија, продажбата на опремата во светски рамки како и тестот во најтешките услови на терен се гаранција за квалитетот.


Некои од рефернците на АНА ДОО се:

  • Рудник САСА М. Каменица
  • Рудници ИММ – Злетово и Тораница
  • Рудник КРИН Прилеп
  • Југохром Јегуновце
  • Макстил Скопје
  • Дојран Стил – Дојран
  • ФЕНИ ИНДУСТРИ Кавадарци
  • Нова Рефрактори Пехчево
  • Вардар Доломит Гостивар
  • КЕМЕТ Скопје
  • КНАУФ Радика
  • ЛТХ Леарница Охрид
  • ТАБМАК Пробиштип
  • Арчелор Митал Скопје
  • сите шумски стопанства на Македонија
  • Цементара УСЈЕ Скопје
  • и многу други компании во Македонија

Ви посакуваме срдечно Добредојде!




NCS NEWS web Asian sex video Japan porn video cheap fjallraven backpack cheap anello backpack NCS European News Web cheap off white Sportswear free sex video NCS European websites Ncs Shopping